Велигденска 3Д сликовница за најмалите во Просветно дело

АВАНТУРА СО ВЕЛИГДЕНСКОТО ЗАЈАЧЕ

Придружи му се на Велигденското Зајаче во неговата авантура да го пронајде пријателот кој ќе може да ја поправи машината за правење велигденски јајца. Машината се расипа, велигденските јајца немаат правилна форма, а Зајачето мора да стигне навреме за Велигден. Ќе најде ли помош навреме? Откријте во оваа возбудлива 3Д сликовница која веќе е во продажба во книжарницата на Просветно дело во нашиот трговски центар.