Велигденска приказна во Капитол мол

Велигден е еден од најголемите и најпрекрасните семејни празници кои се прославуваат во текот на годината. Денови кога се расположени и најмалите и големите, кога секојдневните грижи се надминуваат и кога човек се фокусира на најзначајното нешто во животот – семејството.

Негувајќи ги овие вредности од 13ти до 15ти април заедно со Црвен крст и неколку ракотворци организиравме добротворен велигденски базар за помош на 6 месечната Миа која е во вештачка кома во болница во Софија. Сите собрани средства ќе бидат донирани како помош за трошоците за лекувањето на малото девојче. Нејзината сестричка близначка почина од истиот здравствен проблем. Ова семејство е избрано од страна на Црвен крст на град Скопје со кои заедно се фокусираме на што поголема помош.

Ги повикуваме сите заедно да им го дадеме на овие прекрасни луѓе тоа што им е најпотребно – среќно и исполнето семејство!

Нема поголема радост и восхит од прославување на вредностите кои се темел на Велигден и затоа покрај акцијата одлучивме да организираме настани и за најмалите. Најмалите од 13ти до 17ти април ќе можат да учествуваат на бројни работилници. Целиот трговски центар ќе ечи од детски насмевки. Капитол мол отсекогаш се грижел за зацврстување на семејните вредности и затоа во самиот центар секој член од семејството може да ужива и да го најде тоа што најмногу го посакува, незаборавни моменти со најблиските.

Затоа од 13.04 – 17.04 Велигденската приказна во Капитол Мол ќе ја продолжиме со ПОТРАГА ПО ЗЛАТНОТО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ со цел да се освојат СУПЕР НАГРАДИ од брендовите во нашиот трговски центар.

Правилата на игра се едноставни и тие се:

1. Посети го Капитол Мол
2. Пронајди го златното јајце
3. Објави ја фотографијата на Facebook како јавен пост со хаштагот #ВелигденскаПриказнаКапитолМол
4. Добиј подарок од одредени брендови во Капитол Мол.

Не пропуштајте ја оваа супер забавна игра и посетете не заедно со семејството на уште една Велигденска магија.

Нашиот трговски центар постојано се труди да им овозможи на своите посетители атмосфера исполнета со безвременски искуства градејќи ги најзначајните хумани вредности.

Капитол мол воедно ви ги честита празниците и на сите им посакува во секој ден од годината да бидат најсреќни и најисполнети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *