Велигденски ликовни работилници во Кидс Парк

За празничните денови кои следат бидете дел од креативниот дневен престој во Кидс Парк каде заедно со Просветно дело и квалитетните ликовни материјали од брендовите Кариока и Примо ќе и дозволат на детската фантазија и имагинација да создадат вистински уметнички дела.

Да користиме ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и околина, да ја подигнеме еколошката свест и да се забавуваме во магичниот свет на Кидс Парк.