Вистина е не е лага, во Кидс Парк голема роденденска априлијада

НАЈГОЛЕМОТО И НАЈЗАБАВНОТО ПРВОАПРИЛСКО ЗБИДНУВАЊЕ ВО ГРАДОТ!
КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО ХЕЛЕН ДОРОН И ПРОСВЕТНО ДЕЛ0, КЛОВН,АНИМАТОРИ, БАЛОНИ, FACEPAINTING, СУПЕР ЗАБАВА СО ПОТОЧИЊА ЕСКЛУЗИВНО ВЕДНАШ ПО НИВНИОТ ГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ, СУПЕР ВКУСНИ ИЗНЕНАДУВАЊА ОД КОЛИД ФУДС ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ПОСЕТИТЕЛ, РАСПЕАНИ И МАСКИРАНИ ДУВАМЕ ТОРТА И МНОГУ ДРУГИ НАГРАДНИ ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ…

ВИСТИНА Е НЕ Е ЛАГА, ВО КИДС ПАРК ГОЛЕМА РОДЕНДЕНСКА АПРИЛИЈАДА

Водена од мотото Секогаш СО и ЗА децата игротеката за денот на шегата организира голема роденденска маскенбал забава и го прославува својот четврти роденден.
По тој повод недела 1ви април со почеток во 12 часот предвидена е богата двочасовна програма од едукативен и забавен карактер.

Едукативниот дел Кидс Парк го довери на своите соработници Хелен Дорон, глобална институција со повеќе од 30 години успех во предавање на англискиот јазик на деца од сите возрасти. Програма која значајно го напредна изучувањето на англискиот како странски јазик за мали деца со развивање на метода која е слична на начинот на кој бебињата го учат својот мајчин јазик.

На наше задоволство и на задоволство на дечињата и родителите кои ќе бидат дел од ова првоаприлско збиднување тие ќе подготват низа на интерактивни активности со кои низ забава и песна ќе ја доближат својата нова глобална програмата Young Heroes, кампања за 2018 година која се вика Readers Are Leaders и е фокусирана на читањето . Кампањата Readers Are Leaders го истакнува читењето како супер моќ и има за цел да ја подигне свесноста кај децата и родителите за тоа колку читањето има силно влијание врз иднината на децата.

Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативна мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе овозможи децата да креираат и творат со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина а предвидени се и низа активности поврзани со одличната детска литература во нивно издание.

Кидс Парк на наше големо задоволство на овој посебен ден ќе има можност да ужива во единствените Поточиња и да ја пее роденденската песна заедно со овие прекрасни дечиња и тоа есклузивно песничките од непосредно одржаниот фестивал Поточиња 2018. Детскиот фестивал Поточиња на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на сите дечиња, преку песничките да зачекорат во светот на семејството, училиштето, здравите навики, природата, екологијата, бајките, сказните.

Ќе следи и заедничко дување на роденденската торта на Кидс Парк од нивниот соработник Канела – спој од традиција, долгогодишно искуство и квалитетни суровини произведени од реномирани европски производители.

Предвидени се и многу вкусни изненадувања за секое дете посетител кои посебно за овој ден ги подготви Колид Фудс, една од водечките дистрибутивни компании за производи за широка потрошувачка во Македонија. Водејќи се од нивниот главен приоритет здравјето и благосостојбата на нивните корисници, пред се на децата, во нивниот асортиман на производи наменети за децата има многу вкусни, лесни и кревки ужинки за секојдневно уживање.

На овој убав ден на шегата, роденденски маскенбал со многу игра и забава во магичниот свет на Кидс Парк, единствен со најбогата содржина за проактивна детска анимација. Маскоти, балони, facepainting, мини диско…
Играта е творечка активност која произлегува од внатрешните потреби на детето и е секогаш различна , поинаква и неповторлива. Играта сама по себе е среќа, а среќата во изобилство како на ниедно друго место ја има во Кидс Парк.
За многу, многу повеќе среќа Ве очекуваме во голем број!

Влез за двочасовната роденденска маскнебал забава со богата програма и многу изненадувања и награди за недела 1ви април 12:00 часот изнесува 120 денари.