Young Engineers во Капитол Мол за старт на учебната година

Новата учебна година е на прагот а ние како Капитол Мол сакаме да направиме незаборавно испраќање на летото и распустот за сите ученици со супер програма и одлична забава.

На 02.09 и 03.09 од 12:00 – 14:00 часот во нашиот трговски центар ќе гостуваат Young Engineers Skopje Macedonia за интердисциплинарен пристап во изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки.

Young Engineers Skopje Macedonia од 2017 година за прв пат започнува со работа и претставува единствена лиценцирана програма во Македонија, по франшиза на светската компанија e² Young Engineers наменета за деца од 6 до 15 години и нуди можност за интердисциплинарен пристап во изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки, истовремено овозможувајќи им стекнување со способности и вештини неопходни за животот на 21 век, според единствени, лиценцирани, успешни, квалитетни, наградувани, ексклузивни и статистички проверени програми.

Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми.

Бидете дел од оваа супер кул и едукативна работилница и посакајте добредојде на новата учебна година со сите свои предизвици 🙂