За Капитол Мол

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, CapitolMall & Residence се простира на изградена површина од 33.500 м2, а вкупната инвестиција изнесува 30 милиони евра.

Со пригодна свеченост отворен e трговскиот центар Капитол Мол и Резиденс, во населбата Аеродром. На отворањето присуствуваат претставници на државната власт, на локалната самоуправа, на дипломатскиот кор, на домашната и меѓународната бизнис заедница, на медиумите, како и сите заинтересирани граѓани.

-Од идеја на хартија, за само 18 месеци направивме објект со повеќе намени и разновидни содржини, комплекс кој што, убеден сум, ќе стане препознатливo, модерно и пријатно место, не само за граѓаните на општина Аеродром и за сите кои живеат во Скопје, но и во Република Македонија. Нашиот Капитол Мол и Резиденс ќе го направи поубав и поквалитен животот на градот во целина. Неговите содржини ќе му дадат нова димензија на пазарењето, а на сите генерации на граѓани, вклучувајќи ги и најмладите, ќе им овозможиме да уживаат во своето слободно време. Наједноставно кажано, нашето мото „Животот е поубав со нас“, сакаме искрено да го споедли и доживее секој кој барем еднаш ќе го мине прагот на трговскиот центар, изјави Ајдован Адемоски, сопственикот на Капитол Мол и Резиденс.

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Капитол Мол и Резиденс се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, 12.500 м2 се наменети за шопинг центарот сместен на првите четири нивоа, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

Шопинг центарот Capitol Mall е составен од 47 локали, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел,  детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

Инвестицијата за Capitol Mall & Residence изнесува 30 милиони евра. Тоа е македонска инвестиција, на инвеститорот Сити Плаза ДОО Скопје, поддржана од домашните банки. На изградбата на објектот беа вработени над 250  работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство. Со отворањето на Capitol Mall & Residence, воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.