Запознајте го брендот Trend it up достапен во dm

Инспирирани од меѓународните модни и beauty трендови, новата декоративна марка од dm – trend IT UP Ви нуди внимателно одбрани бои и иновативни производи, кои ќе дадат нови димензии на Вашата убавина и стил. Секогаш up to date, секогаш тренди! Со висок квалитет и по супер достапни цени.

Водени со посебна страст кон модата и козметиката, како и од перцепцијата дека ниедна жена не подлегнува на секојдневните модни медиокритети, туку ја заживува својата индивидуалност преку својот уникатен стил, создадовме производи со кои оваа наша страст и перцепција ќе стане и реалност…производи за сите оние кои се чувствиваат како нас, кои уживаат во шминкањето и модата, кои го обожуваат сопствениот стил…за сите оние кои не сакаат да бидат совршени, туку посебни, истакнати и незаменливи!