#ЖенаХерој на Капитол Мол

Во месецот на жената и само неколку дена пред  8ми март, Капитол Мол одлучи да им посвети внимание на сите припаднички на понежниот пол кои газат низ светот храбро и бестрашно.

Секоја жена е херој во сопствената приказна и постојат многу жени без кои нашето секојдневие не би било исто, жени кои не ги забележуваме, но тие се овде за да ни го направат денот поубав и поедноставен. Во ова секојдневие секоја дама се соочува со неколку важни улоги во животот, ТАА е сопруга, мајка, професионалец, и со сигурност можеме да кажеме дека сите тие се ХЕРОИ кои заслужуваат орден за храброст и издржливост.

Во нашиот трговски центар работат многу жени, кои ја сакаат својата работа, уживаат во својата работна околина и даваат сè од себе за работите да одат непречено и без грешка. Тие се ХЕРОИТЕ без кои Капитол Мол не може, тие се ХЕРОИТЕ без кои вие не можете.

Затоа овој март како месец на жената, ние поблиску ќе ве запознаеме со ЖЕНИТЕ ХЕРОИ на Капитол Мол. Добро би било да знаете без кого не може да помине роденденот на Вашите малечки, без кого не можете да ја погледнете најновата спортска опрема, без кого не може да ја најдете козметиката која ви е потребна, без кого не би ги нашле оние фармерки кои ги баравте цела сезона.

Поддржете ги, и бидете благодарни за сè што тие прават за вас.
Цел март #ЖенаХерој на Капитол Мол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *