Едукативни еко работилници во Кидс Парк&4Боулинг наменети за групни училишни посети
Кулирај Рециклирај Селектирај Едуцирај
По повод Детската недела во текот на месец октомври 2019 година учениците со своите наставници ќе имаат можност да учествуваат преку групна посета на едукативна еко работилница на тема „Детски права и здрава животна средина„, и тоа за децата до 8 годишна возраст едукативната работилница ќе се одржи во едукативниот центар на Кидс Парк, додека децата над 8 годишна возраст ќе имаат прилика да учествуваат на едукативна работилница во кугланата 4Bowling.
Реализатор: Кидс Парк и 4Bowling во соработка на Нула Отпад и Просветно дело
Содржина: Детски права (Конвенција за детски права) и здрава животна средина
Времетраење: 90 минути
Цел на едукативните еко работилници:
- запознавање со детските права и обврски;
- користење на нетоксични ликовни материјали, произведени на соларна енергија со кои децата ќе креираат и ќе се забавуваат, но и ќе инвестираат во здрава животна средина;
- подигнување на свеста кај родителите и учениците за важноста на користење на еколошки производи;
- зачувување, заштита, унапредување и обновување на квалитетот на животната средина;
- отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина;
- користење на детското право на игра во една опуштена и креативна средина;
- запознавање со куглањето како спортска дисциплина, теоретски и практичен дел ( за деца над 8 години, работилница во кугланата 4Боулинг);
- развивање на самодоверба и напреварувачки дух, формирање на карактер;
- потикнување на желбата за спорт и спортски успеси како еден од ефективните заштити од бројните пороци и штетните влијанија на современото, динамично општество;
Секое одделение и одделенски наставник ќе добие благодарница за учество на едукативната еко работилница по повод Детската недела.
Термините за учество се работни денови понеделник до петок и тоа прв термин од 10 часот и втор термин од 12.30 часот.
Работилниците ќе се одржуваат се додека има интерес за учество.
Пријави, услови за учество и дополнителни информации на тел: 071 305 976
Кидс Парк&4Боулинг секогаш СО и ЗА децата