Децата со Кидс Парк по повод денот на мајките

Водена од мотото Секогаш СО и ЗА децата игротеката по повод денот на сите мајки во вторник 06 март со почеток во 18.30 часот организира голема креативно едукативна работилница проследена со богата програма од едукативен и забавен карактер.

Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативна мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе овозможи децата да креираат и творат со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина а предвидени се и низа активности поврзани со седум деценските детски списаниа со кои пораснаа многу генерации: Росица, Другарче и Развигор.


Напишани на стандарден македонски јазик, со нивна секојдневна примена се влијае на детскиот речник со нови зборови, ги следат развојните карактеристики на децата за кои се наменети и претставуваат дополнителен извор на знаења и помагала во работата на наставниците, а се од особен интерес и за родителите.
Илустрациите и дизајнот на списаниата ги следат најновите трендови во светот наменети за децата на оваа возраст, а изборот на проза и поезија е направен од еминентни македонски автори за деца, но и од најпознатите автори за деца во светот.

Креативниот дел е задача на луѓето кои имаат мисија да ги разубават најубавите настани на луѓето со уникатни декорации, креираат и организираат детски родендени со раскошни шеќерни маси и декорации а овој пат на нашите дечиња ќе им помогнат да направат уникатни честитки за своите мајки, наставнички, баби или тетки. Станува збор за Каталеја за деца која предвиде и мали изненадувања за децата учесници на едукативно-креативната работилница.

Забавниот дел вклучува многу игра во магичниот свет на Кидс Парк, единствен со најбогата содржина за проактивна детска анимација. Играта е творечка активност која произлегува од внатрешните потреби на детето и е секогаш различна , поинаква и неповторлива. Играта сама по себе е среќа, а среќата во изобилство како на ниедно друго место ја има во Кидс Парк.


За многу, многу повеќе среќа Ве очекуваме во голем број!

Влез за двочасовната едукативна-креативна работилница за вторник шести март 18:30 часот изнесува 100 денари. Предвидени се изненадувања и награди за најдобрите изработки.