Носи маска – заштити се себеси и луѓето околу тебе!

Капитол мол и претставници на СВР Скопје и УПС од Полициската станица за општа надлежност – Аеродром ја продолжуваат кампањата за справување со Ковид 19 „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и комисијата за заразни болести на граѓани кои ги користат услугите на Трговскиот центар ,,Капитол мол”, а со цел подигање на свеста на граѓаните.
Министерството за внатрешни работи ќе презема засилени превентивните мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата кои не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.
Превентивните мерки се со цел подигнување на јавната свест. Покрај репресивните мерки кон граѓаните за време на кампањата која е од едукативен карактер ќе им се поделат и маски на оние лица кои не се придржуваат на препораките и не носат маски.
Министерството за внатрешни работи известува дека активностите ќе продолжат се додека е во важност Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со цел подигање на јавната свест.


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/capitolm/public_html/re/wp-includes/functions.php on line 4757