За CAPITOL MALL
Пред 7 години, со пригодна свеченост беше отворен трговскиот центар Капитол Мол и Резиденс, во населбата Аеродром. На отворањето присуствуваат претставници на државната власт, на локалната самоуправа, на дипломатскиот кор, на домашната и меѓународната бизнис заедница, на медиумите, како и сите заинтересирани граѓани.
– „Од идеја на хартија, за само 18 месеци направивме објект со повеќе намени и разновидни содржини, комплекс, кој што, убеден сум, е препознатливo, модерно и пријатно место, не само за граѓаните на општина Аеродром и за сите кои живеат во Скопје, но и во Република Македонија. Нашиот Капитол Мол и Резиденс постојано цели да го направи поубав и поквалитен животот на градот во целина. Неговите содржини ќе му дадат нова димензија на пазарењето, а на сите генерации на граѓани, вклучувајќи ги и најмладите, им овозможуваме да уживаат во своето слободно време. Наједноставно кажано, нашето мото „Твој мол,…твое место“, сакаме искрено да го сподели и доживее секој кој барем еднаш ќе го мине прагот на трговскиот центар, а мотото „Животот е поубав со нас.“, секој кој е дел или сака да биде дел од резиденцијалниот комплекс“, изјави Ајдован Адемоски, сопственикот на Капитол Мол и Резиденс.
Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Капитол Мол и Резиденс се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, 12.500 м2 се наменети за шопинг центарот сместен на првите четири нивоа, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.
Шопинг центарот Capitol Mall е составен од 47 локали, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел, детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.
Инвестицијата за Capitol Mall & Residence изнесува 30 милиони евра. Тоа е македонска инвестиција, на инвеститорот Сити Плаза ДОО Скопје, поддржана од домашните банки. На изградбата на објектот беа вработени над 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство. Со отворањето на Capitol Mall & Residence, воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.