На сите нас ни се познати благодетите на кокосовото масло. Ова тропско растение наоѓа широка примена во повеќе сегменти од нашето секојдневие.
Кокосовото масло е посебно погодно за готвење, бидејќи неговата текстура дозволува загревање на многу повисоки теператури од обичните масла за готвење! Исто така ова масло својата примена ја наоѓа и како препрарат за нега на коса и тело! Но каква улога има маслото во подобрувањето и цврстината на Вашето влакно на косата?
Кокосовото масло во комбинација со дополнителни состојки може да биде навистина чудотворно за Вашата коса:
► кокосово масло во комбинација со лимонов сок – ќе ви помогне да го намалите првотот во Вашата коса
► кокосово масло во комбинација со алое вера – ќе ви помогне да го поттикнете и забрзате растот на Вашата коса
► кокосово масло во комбинација со јајце – ќе ви помогне да го поттикнете регенеративниот процес на Вашето влакно
► кокосово масло во комбинација со мед – ќе ви помогне да го вратите сјајот на Вашата коса
Побарајте го во продавницата на dm во нашиот трговски центар 🙂
