Чест и задоволство ни е да ве известиме дека од 11ти Април, на големото семејство на Капитол Мол се вклучува брендот за обувки и чанти “Кали“.
KAΛИ е мултибренд концепт продавница за обувки и чанти. Во својата програма на обувки KAΛИ ги нуди брендовите OPPOSITE, SPROX, и ДСМ Ортопедика. Составот и понудата од машки, женски и детски модели, како и разновидноста во дизајнот, материјалот и квалитетот на обувките ги прави продавниците атрактивни станици каде што секој може да си го пронајде својот омилен пар. Понуда на KAΛИ се комплетира со реномираниот француски бренд за женски и машки чанти DAVID JONES PARIS.
OPPOSITE
OPPOSITE е бренд кој што го освојува пазарот на југоисточна Европа со сите типови на обувки по цени прилагодени за современиот купувач кој што сака да добие максимум квалитет за цената која ја плаќа. Брендот OPPOSITE е основан на максимално разновидна понуда на најновите трендови на светскиот пазар на обувки. Секоја сезона колекцијата содржи преку 1000 артикли машки, женски и детски обувки произведени по највисоки стандарди за изработка. Во однос на ценовниот ранг, OPPOSITE може да се пофали со најдобар квалитет и дизајн. Големиот избор гарантира дека ќе си го пронајдете вашиот омилен пар согласно најновите модни трендови. Брендот OPPOSITE многу лесно го освојува срцето на современиот љубител на модерни и удобни обувки.
SPROX
SPROX е еден од брендовите на Cortina групацијата која што е една од светските водечки компании во бизнис светот на обувките продавајќи повеќе од 30 милиони пара годишно. Со повеќе од 2,500 модела секоја сезона брендот SPROX содржи комплетна “bestseller” и класична понуда на трендовски обувки со атрактивен дизајн, најдобра вредност и цена.
ДСМ
ДСМ Ортопедика е македонска фабрика за производство на детски кожни ортопедски обувки во Куманово. Изборот на квалитетни и удобни обувки е од големо значење на детското стапало. ДСМ обувките нудат комфорт, флексибилност, лесно и слободно чекорење кои го следат растот и развојот на детето чекор по чекор. Внатрешниот простор на обувката овозможува правилно ортопедско движење кое се рефлектира на понатамошното здравје на стапалото. Ѓонот е мек и прилагоден и овозможува правилен развој на мускулниот систем на детските нозе. Лицето од природна кожа овозможува дишење на стапалото додека поставата од природна кожа ја впива потта и ја заштитува кожата на детето. Обувките имаат и масажер кој што го смалува оптеретувањето и го релаксира петниот дел на стапалото при движење.
DAVID JONES PARIS
DAVID JONES е компанија основана во средината на 80те во еден од најромантичните градови во светот – Париз. David Jones го прават тоа во што се најдобри: изразување на личниот стил на жената. Колекцијата се состои од разновидни модели со традиционален но и со високо модерен дизајн. Произведени со премиум материјали но сепак со достапни цени чантите на David Jones допираат до секоја жена. Покрај женската колекција постои и мала, скромна машка колекција која што нуди безвременски, класични и атрактивни машки модели.
Во чест на отворањето на нивната продавница во нашиот трговски центар, од 11-15 Април искористете го попустот од -25% на целиот асортиман.



































