Драги наши фанови, од утре започнуваме со славење на месецот на љубовта во нашиот трговски центар. Преку интересни и забавни предизвици ќе се обидеме да споделиме љубов насекаде околу нас.
Од 04.02 – 14.02, Капитол Мол ќе биде местото за сите оние кои уживаат во љубовниот занес и го поминуваат своето заедничко слободно време токму во нашиот трговски центар.
Во текот на овие 10 дена ние ви даваме предизвици кои вие и вашиот партнер ќе треба да ги завршите со цел да освоите вредни подароци кои ќе бидат белег на овогодинешниот ден на заљубените.
Првиот чекор што треба да го направите за да влезете во трката за подарок е да го пронајдете скриеното СРЦЕ СТИКЕР во нашиот трговски центар и да направите заедничко селфи со партнерот во него. Потоа фотографијата споделете ја на Instagram со хаштаг #ЉубовВоКапитолМол.
Можност за учество во #ЉубовВоКапитолМол ќе имаат сите оние кои ќе објават селфи со својот партнер во СРЦЕ СТИКЕРОТ до 07.02, а веќе на 08.02 ќе го објавиме и вториот предизвик кој е дел од љубовната кампања на Капитол Мол.
Сакајте се, љубете и искажувајте ја својата љубов секој ден на оние кои ви се блиски.
Вљубени, ги очекуваме вашите фотографии 🙂
