За сите млади математичари кои уживаат во оваа наука, Просветно дело нуди збирки задачи по математика за 7, 8 и 9то одд.
Збирките задачи по математика се изданија изготвени во согласност со адаптираната наставна програма усвоена од Бирото за развој на образованието, а преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examinations), по предметот математика за 7, 8 и 9 одделение од деветгодишното образование.
Претставуваат корисни алатки, кои со практични примери и задачи ќе ви помогнат за усвојување, продлабочување и проверка на знаењето.

