Љубовната врска на метафоричен начин претставува изградба на еден обејкт. Се поставуваат цврсти темели кои се клучни за понатамошната хармонија и градење на самите етапи во врската. Тие се развиваат и надоградуваат кат по кат, со голем напор и упорност, во текот на подолг временски период за кое е потребно трпение, разбирање и истрајност. Кога ќе се изгради самиот “објект”, при првиот поглед сè изгледа совршено, но со дополнително анализирање се воочува дека некои делови би можеле да бидат подобри. Така е и во секоја љубовна врска – градењето на довербата и взаемната приврзаност не се градат преку ноќ, бидејќи на крај, сето тоа не е конечно, туку бара секојдневно надополнување и негување.

Затоа најважниот момент во секојa врска е секој пар да си посвети барем неколку моменти за самите себе, за да се одржува таа љубовна искра константно. За да успее една врска, важно е да се внесе доза креативност со цел искусување и доживување на нови и интересни искуства.
Сите посакуваат успешна врска, но не сите се вложуваат максимално истото да го постигнат. Константното внимание, искрените разговори навечер, ситните подароци, вечерите надвор од дома, изненадните викенди, забавните моменти со своите пријатели, спонтаните реакции и критики, донесувањето заеднички одлуки во секојдневниот живот, заедничкото надоградување како на личен така и на професионален план, ја прават врската да има успешен и забавен тек, без оглед на тоа колку време се заедно самите партнери.

Секој нов детаљ ги “украсува” претходно поставените љубовни корени. И оваа “љубовна сезона”, вљубените партнери имаа можност да доживеат ново искуство и уникатни моменти со љубовните предизвици во Капитол Мол кои беа вистинско уживање за паровите кои споделуваа свои заеднички фотографии на своите Facebook профили дополнително учествуваа во љубовниот квиз каде што секој од нив имаше предизвик да открие колку го познава својот партнер. Ваквите предизвици и интересни љубовни изненадувања ја прават секоја врска бесконечна.