Aton Q i-Size е најновиот член на наградуванатo Aton семејство и располага со највисоко можно ниво на безбедност за вашето дете. Доаѓа со телескопска Линеарна заштита од Страничен удар (L.S.P System) што ја одвојува силата на ударот од Вашето дете. Наслонот со подесувачка висина и вградени насочувачи на појас му обезбедуваат огромна безбедност и удобност на детето а родителите можат лесно да ги манипулираат. За новороденчињата и бебињата до 3 месеци, тука е меката влошка која може да се извади и која му обезбедува на бебето лежечка позиција. Склопливата XXL стреа за заштита од сонце со UVP50+, го штити Вашето дете од UV зрачење и силен ветер.

- Одговара на новите ЕУ регулативи за седишта за автомобил ECE R-129 кога е инсталирано на Base Q i-Size.
-Телескопска Линеарна Заштита од Страничен удар (L.S.P.System)
-Мека влошка која се вади, за бебиња на возраст до 3 месеци
-Наслон за глава со подесување на висина и вградени насочувачи на појас
-Интегрирана склоплива XXL стреа за заштита од сонце
-Можен Travel System со CYBEX, gb и други колички

Еден од најголемите предизвици на инжењерите за безбедност е пронаоѓање на најдобриот можен начин за транспорт на предвремено родени или многу мали новороденчиња, чии вратни мускули и рефлекси не се доволно развиени. Влошката, која подоцна се отстранува, нуди лежечка положба и доволна потпора за бебињата до 3 месеци.

За максимална заштита на кожата на бебето, стреата е подложна на строгите закони во Австралија во поглед на стандардот за заштита од сонце.

Во комбинација со телескопската линеарно странична заштита, наслонот со подесување на висина дополнително ја зголемува страничната заштита.