За последниот ден од најромантичниот месец во годината, ви претставуваме видео од целокупното љубовно искуство во нашиот трговски центар наречено #ЉубовВоКапитолМол.
Вљубените парови се соочија со љубовни предизвици со кои покажаа колку добро се познаваат еден со друг, дека се супер сложен тим и си освоија одлични награди.
Се сликаа со стикери срциња кои беа поставени над ескалаторите и лифтовите во нашиот трговски центар, учествуваа во Љубовен квиз и се журкаа на музиката на DJ Mac за време на Love Party која се случуваше на 14.02.
Ние се обидовме во неколку минути да ја доловиме целата атмосфера која несомнено го одбележи овој февруари.
Погледнете го видеото и запомнете дека секојдневно треба да ја покажувате својата љубов кон партнерот без да има посебен повед за тоа 🙂
