Во чест на денот посветен на жената, вчера во нашиот трговски центар се случуваше супер 8мо мартовско дружење. Делевме рози на сите жени кои го посетија Капитол Мол и им го честитавме празникот кој ја слави нивната независност, храброст и самостојност.
Цветот е само еден од малкуте работи кои тие ги заслужуваат, но се обидовме преку ваков мал гест да им го разубавиме денот и да ги потсетиме колку се тие важни.
Преку фотографии ќе се обидеме да ви доловиме дел од атмосферата што го направи нашиот трговски центар уште попозитивно место за поминување на слободното време 🙂






























