Во нашиот Капитол Мол оваа сабота (25ти март) се одбележа меѓународниот ден за подигање на свеста за церебралната парализа.
Настанот беше организиран од две мајки Оливера Доневска и Оливера Савевска. На настанот свое учество земаа децата Марија, Мики, Виолета и Емилија со свои точки како и Балетското студио Еурека, танцова група од Основното Училиште Климент Охридски од Драчево. Покрај овие храбри мајки и дечиња, учество зедоа и многу други кои помогнаа да се посвети заслужено внимание за овој ден.
Преку неколку фотографии ќе ви доловиме дел од атмосферата што се случуваше во нашиот трговски центар.




