На сите нас енергијата некако ни отиде на повисоко ниво откако пролетта започна, зар не? 🙂 Сончево време, насмеани лица, поголем ден, се некако си носи позитивна енергија. Токму ваквото расположение е причина за смели, свежи и шик пролетни модни комбинации. А најдобар пријател на секој тренди аутфит е модерниот часовник 🙂
Во продавницата на B-Watch во нашиот трговски центар можете да најдете голем избор на машки и женски часовници од најпознатите светски брендови. Во нежни бои, квалитетни материјали и супер цени, одберете го Вашиот омилен со кој ќе ја одбележите оваа сезона.

