Денеска, 25.4.2017 година, во нашиот трговски центар се одржа ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта цртаа на тема: „Ја сакам Европа“. Ликовната колонија во Капитол мол се реализираше по повод прославата на 9-ти Мај, Денот на Европа и во соработка со Европското движење во Република Македонија, Европската делегација во Република Македонија и Општина Аеродром.
На крајот од настанот наградите ги доделија шефот на Мисијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателката на Европското движење во Република Македонија, Милева Ѓуровска.
За најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на ИВА МИНОВА од градинката „Срничка“ објект „Црвенкапа“. Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на ФИЛИП КОСТАДИНОСКИ од Vв од ООУ „Димитар Македонски“. Осмоодделенката МОНИКА СТОЈКОВСКА од VIII2 од ООУ „Браќа Миладиновци“ е избрана за најдобра во категоријата од предметна настава.
Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во Капитол мол до 9 мај. Целта на оваа манифестација е да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, како и приближување на младата популација кон европските вредности.






























