Возбудлива вест ни пристигна од една од нашите омилени марки за опрема за бебиња – CYBEX, а се однесува на нов лансиран модел на фенси количка насловен CYBEX Mios. На наше задоволство, оваа количка веќе е достапна во продажба и во Македонија, во продавницата на „Крш“ во нашиот трговски центар.

Mios е суперлесна, лесна за употреба и суперстилизирана количка.
Инспирацијата доаѓа од дизајнерската двојка Реј и Чарлс Ејмс кои докажаа дека функционалноста и убавината совршено можат да одат „рака под рака“.
Mios ги комбинира елементите од архитектурата со внатрешниот дизајн за да обезбеди максимална стабилност со минимална употреба на материјали.

Дизајнерскиот модел е типичен на стилот на Реј и Чарлс Ејмс, а ние едноставно тој стил го обожаваме!
И уште една предност на оваа количка: таа е суперпогодна за мајките кои сакаат да одат на шопинг, бидејќи Mios има многу компактни димензии (од само 50 см кои го зафаќаат тркалата при вртењето), па лесно може да го најдете вашето место во просторот, дури и во најтесните шопинг-патеки.
Седиштето e дизајнирано во ретро-модерен стил, a дополнителната мрежа помага во регулирањето на телесната температура на детето.

Компактна, флексибилна, функционална и стилизирана, количката CYBEX Mios совршено се прилагодува на потребите на современите родители. Лесната рамка допринесува уште повеќе за чувство на леснотија. А, вкупната тежина е 8,7 килограми, што значи дека станува збор за суперлесна количка!
Благодарение на иновативниот и лесен механизам може да ја трансформирате количката, служејќи се само со едната рака, во компактно лесно (пре)носливо пакетче.
