Еден од најпознатите обележја на градот Охрид па и на Македонија е охридскиот бисер. Ова парче накит кое се изработува рачно со многу работа, трпение и деликатност е створено за да ја краси и истакнува женската убавина.
Не постои друг аксесоар како бисерот што е симбол за класика, отменост, нежност и елеганција.
Во нашиот трговски центар на приземје е поставен штандот на Фамилија Ристески кои со години традиционално се бават со овој занает, преставувајќи ги своите ремек дела пред своите потрошувачи.
Повелете посетете ги и поседувајте безвременска убавина во Вашата кутија со накит 🙂










