Отстранувањето на шминката пред спиење е неопходно за секоја жена која сака кожата на лицето да ја одржи здрава и свежа. После утринското миење, напорниот работен ден или после вечерното излегување, многу е важно да се отстрани целата нечистотија која се насобрала во порите.
СРЕБРЕНАТА РАКАВИЦА е совршена замена за сите препарати кои се препорачуваат за отстранување на шминката, бидејќи овозможува кожата на лицето да ја исчистите на едноставен, ефикасен и соосема природен начин.
Најсовремените технолошки достигнувања во примена на нано технолигијата, овозможуваат трајно интегрирање на јоните на среброто во ткаенината на СРЕБРЕНАТА РАКАВИЦА. Важноста на ваквата примена е во природната способност на среброто да ги уништува бактериите кои предизвикуваат голем број на кожни заболувања. Исто така, јоните на среброто не дозволуваат задржување на бактериите на микрофибер ткаенината, туку ги уништуваат во најкраток можен рок.
Освен тоа што од лицето ја отстранува целата шминка, СРЕБРЕНАТА РАКАВИЦА ги обединува и основните фази на козметичкиот третман – чистење, пилинг и масажа, правејќи ја кожата пофлексибилна и поздрава.
Докажано е дека темелно и квалитетно исчистената кожа побавно старее. Наспроти тоа, пудрата, како и другите видови на шминка ги затвораат порите, со што создаваат услови за прерано создавање на брчки.
СРЕБРЕНАТА РАКАВИЦА е посебно наменета за чистење на пределот околу очите и лицето, без напор ја отстранува дури и водоотпорната маскара. Многу е корисна за воспоставување на совршен баланс на кожата, бидејќи избегнувајќи ги хемикалиите од различните препарати , ја чува нејзината pH вредност. Одлични резултати СРЕБРЕНАТА РАКАВИЦА покажала и кај лицата со најосетлива кожа, независно од нивната возраст и пол.
