Во книжарницата на Просветно дело во нашиот трговски центар, пристигна новата колекција на куфери, чанти и торби за деца и возрасни.
Во детската колекција може да најдете супер кул ранци, чанти и торби со омилените ликови од цртаните филмови кои ќе го развеселуваат секојдневието на вашите малечки.
Додека пак колекцијата за возрасни, доминира практичниот дизајн, модерниот изглед и големиот избор на бои.

















