Нова линија од Balea со активен јаглен за борба против нечистотиите на Вашето лице. Отсега достапни во продавницата на dm во нашиот трговски центар…
Траките за нос против митесери и маската од новата линија од Balea темелно ќе ја исчистат кожата на лицето и ќе Ви овозможат блескав и сјаен тен.

Траките за нос со активен јаглен ќе ја помогнат Вашата „борба“ против митесерите и нечистотиите на кожата. Во својот состав содржат комбинација од салицилна киселина и масло од чајно дрво, кои длабински ја чистат кожата од нечистотии. Кожата на пределот околу носот, со редовна примена на траките, ќе биде почиста и поблескава, а појавата на митесерите ќе биде значително намалена.

Маската – марамица од Balea со активен јаглен има одлично негувателно дејство за Вашето лице. Резултатите се видливи по првата употреба. Во својот состав маската содржи комбинација од салицилна киселина и цинк, со чии делотворни дејства, при редовна употреба, значително се подобрува тенот на лицето, а ефикасно се спречува настанувањето на бактерии кои предизвикуваат акни, како и настанувањето на нови нечистотии.
