Дозволете ѝ на Balea уште еднаш да Ве одведе во срцето на еден нов тропски рај, исполнет со неверојатни егзотични мирисни ноти, кои ќе ги заведат Вашите сетила и ќе ја разгалат Вашата душа. Дозволете си за момент да побегнете од стресното секојдневие и пружете си совршена нега од глава до пети…
Balea Trendiger Tukan шампон, 300 мл
Новиот шампон со неверојатна мешавина на ароми од папаја и киви нежно и темелно ќе ја измие Вашата коса. Благодарение на негувателната формула со витамин Б3 и провитамин Б5 Вашата коса ќе добие нов посебен сјај и еластичност.
Редовна цена: 105 мкд

Balea Königlischer Kronen-Kranich, 300 мл
За неверојатно мека и темелна нега, како со пердув. Со специјална AquaCellSoft формула, која на Вашата кожа ќе ѝ подари совршен хидратантен баланс и ќе ја заштити од сушење. Посебно свежата арома на манго и пасифлора ќе ги заведе Вашите сетила под тушот и ќе направи да се чувствувате „кралски“ во текот на целиот ден.
Редовна цена: 99 мкд

Balea Frescher Flamingo лосион за тело, 200 мл
Хидратантниот лосион за тело со прекрасна арома на питаја и тамарило, благодарение на својата нежна текстура, лесно и нежно ќе ја „разгали“ Вашата кожа. Лесно се нанесува и уште полесно се впива.
Редовна цена: 105 мкд
Balea Putziger Paradiesvogel део спреј, 150 мл
За супер ароматично освежување и нега на кожа. Део спрејот од Balea со егзотичен мирис на лимета и гуарана одлично ќе Ве заштити од несакани ароми во топлите денови, во текот на 24-часа. Без алуминиум.
Редовна цена: 115 мкд

Balea Kichernder Kakadu течен сапун, 500 мл
Течниот сапун со арома на маракуја и касис ќе ги одржи Вашите раце нежни со тоа што ќе го задржи хидратантниот баланс во текот на целиот ден.
Редовна цена: 99 мкд
Balea Quirliger Kolibri лосион за раце, 150 мл
Хидратантен лосион за раце со негувателна формула и нежна арома на кокос и личи за совршен финиш во негата на Вашите дланки.
Редовна цена: 89 мкд

Balea Peppiger Papagei гел за бричење, 150 мл
Идеален за темелно и нежно бричење на нозе, под пазуви и бикини зоната. Со освежителна арома на нектарини и кактусни смокви за идеално бричење под тушот.
Редовна цена: 125 мкд

