Просветно дело се повторно овде за да ви дадат супер предлог за книги за плажа.
Овој пат нивниот избор падна на два бестселери од шпанскиот писател Хавиер Моро, “Црвеното сари“ и “Индиската принцеза“ .
Две различни приказни сместени во чудесната Индија. “Црвеното сари“ е сага за семејството Нехру-Ганди, за луѓето фатени во канџите на власта, за заробениците на судбината која тие не ја избрале, истата таа судбина поради која Соња ќе стане симбол на надежта во земјата на Махатма Ганди.
“Индиската принцеза“, пак, не` внесува во чудесниот свет на махараџите, во нивните хареми од „Илјада и една ноќ“ и ни ги ги разоткрива возбудливите детали за тајните на една љубовна врска која кулминирала во еден од најголемите скандали што го потресле индиското колониско општество.
Побарајте ги во книжарницата на Просветно дело во нашиот трговски центар.
