Предлог книги за плажа од Просветно дело за оваа недела се “Ексклузивната приказна“ и “Бистри умови“ од американската писателка Ферн Мајклс.
Таа е авторка на над 150 бестселери продадени во над 200 милиони примероци. Живее во куќа стара околу 300 години која е заведена во историскиот регистер на Самервил, Јужна Каролина. Вели дека со неа во куќата е духот Мери Маргарет, забележан и од претходните жители на овој дом. Ферн Мајклс е дел од литературната хала на славните на Њу Џерси.
Уживајте во деновите на плажа со овие бестселери, достапни во книжарницата на Просветно дело во нашиот трговски центар.
