Трчањето е основен дел од секоја фитнес програма, а благодарение на брендот Reebok, глобалниот пионер за фитнес иновации, на пазарот во Македонија пристигнаа Reebok Print Smooth патиките. Дизајнот на ѓонот на овој модел е инспириран од дигиталната технологија за мапирање на зоните на притисок и преточен во стилизирана силуета.
Reebok Print Smooth патиката е наменета за љубителите на трчањето кои сакаат прилагодливи обувки со модерен и впечатлив изглед. Патиките се совршени за лесно трчање и фитнес тренинзи со трчање, а Print Smooth технологијата за мапирање на зоните на притисокот овозможува секој кој ја носи оваа патика да добие флексибилност и стабилност кога е најпотребно.

Главни карактеристики на Print Smooth патиките се:
1. Прецизна амортизација – Технологијата за мапирање на точките на притисокот на самата конструкција на ѓонот, кој користи две густини на пена, овозможува удобност таму кај што е најпотребно.
2. Флексибилност – Одделните јазли се поставени во клучните зони за да обезбедат исклучително висока флексибилност.
3. Стабилност – Мрежестата контура на ѓонот обезбедува стабилност при движењето во сите насоки.
Побарајте ги во мултибренд продавницата на Sport Vision во нашиот трговски центар.
