Еден од најголемите светски произведувачи на опрема за фудбал, компанијата Nike, ја лансираше новата “Lock In Let Loose” колекција преставувајќи ги најновите модели на копачки за сезоната 2017/18.За новата сезона Nike се одлучија колекцијата да ја нагласат со “Laser Orange” бои.
Така Mercurial Superfly V, Magista Obra II и Hypervenom 3 се придружија на Nike Tiempo Legend 7 копачката која неодамна е представена, а нејзините впечатливи тонови на новите модели ќе придонесат фудбалските ѕвезди кои ќе настапуваат во престојната сезона во Nike копачките да бидат претпознатливи. Оваа тактика Nike веќе успешно ја применуваше и во минатото, а со новите “Laser Orange” бои, новите модели уште повеќе ќе дојдат до израз.
Така фудбалерите, во потрага по врвен квалитет и нови можности, ќе ја имаат приликата уште во предсезоната да настапат во новите “Lock In Let Loose” копачки и ја најават богатата и атрактивна Nike “Laser Orange” сезона која е пред нас.
Новите модели обоени во „Laser Orange“ бои побарајте ја во продавницата на Sport Vision во нашиот трговски центар.
