Го погледнавте ли новиот анимиран хит – “Синот на Бигфут“? Доколку ви се допадна, побарајте ги двете нови изданија со авантурите на Адам и неговиот татко Бигфут со бројни активности и лепенки кои се веќе во продажба во книжарницата на “Просветно дело“ во нашиот трговски центар.
Тинејџерот аутсајдер Адам започнува една епска и храбра потрага во која ќе ја открие неверојатната вистина дека неговиот одамна загубен татко не е никој друг туку мистериозниот и легендарен Бигфут.
Забавувај се додека го запознаваш синот на Бигфут преку возбудливите активности собрани во оваа книга, преку разнобојните лепенки и преку репродуцираните сцени од анимираниот филм!
