КИДС ПАРК секогаш со и за децата – пет години растеме и играме заедно! ❤️❤
НАЈГОЛЕМОТО И НАЈЗАБАВНОТО ПРВОАПРИЛСКО ЗБИДНУВАЊЕ ВО ГРАДОТ! ❤️
ФОТО БУТ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА МАСКА, СУПЕР ЗАБАВА СО ПОТОЧИЊА ЕСКЛУЗИВНО ВЕДНАШ ПО НИВНИОТ ГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ, КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА СО ПРОСВЕТНО ДЕЛО, НАЈДОБРИТЕ ДЕТСКИ АНИМАТОРИ И МАСКОТИ КЛОВН ЛИЛИ, БАЛОНИ, FACE PAINTING, СУПЕР ВКУСНИ ИЗНЕНАДУВАЊА ОД КОЛИД ФУДС ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ПОСЕТИТЕЛ, РАСПЕАНИ И МАСКИРАНИ ДУВАМЕ РОДЕНДЕНСКА ТОРТА СО КАНЕЛА, И МНОГУ ДРУГИ НАГРАДНИ ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ… ❤️
😀 ВИСТИНА Е НЕ Е ЛАГА, ВО КИДС ПАРК ГОЛЕМА РОДЕНДЕНСКА АПРИЛИЈАДА! 😀
По тој повод понеделник 1ви април со почеток во 18.30 часот предвидена е богата двочасовна програма од едукативен и забавен карактер. 😍
Фото бут за избор на најдобра маска со многу наградни изненадувања од Kids Park & 4Bowling и неговите соработници.
Од самото постоење соработник на Кидс Парк во едукативна мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе овозможи децата да креираат и творат со високо квалитетни ликовни материјали
нетоксични за нашето здравје и нашата околина а предвидени се и низа активности поврзани со одличната детска литература во нивно издание. 😀❤️
Кидс Парк на наше големо задоволство на овој посебен ден ќе има можност да ужива во единствените Поточиња и да ја пее роденденската песна заедно со овие прекрасни дечиња и тоа есклузивно песничките од непосредно одржаниот фестивал Поточиња 2019 година. ❤️
Ќе следи и заедничко дување на роденденската торта на Кидс Парк од нивниот соработник Канела – спој од традиција, долгогодишно искуство и квалитетни суровини произведени од реномирани европски производители. 😍
Предвидени се и многу вкусни изненадувања за секое дете посетител кои посебно за овој ден ги подготви Колид Фудс, една од водечките дистрибутивни компании за производи за широка потрошувачка во Македонија. 😍
Водејќи се од нивниот главен приоритет здравјето и благосостојбата на нивните корисници, пред се на децата, во нивниот асортиман на производи наменети за децата има многу вкусни, лесни и кревки ужинки за секојдневно уживање. ❤️
На овој убав ден на шегата, роденденски маскенбал со многу игра и забава во магичниот свет на Кидс Парк, единствен со најбогата содржина за проактивна детска анимација. Маскоти, балони, face painting, мини диско со единствените маскоти и детски аниматори Кловн Лили… ❤️
Влез за двочасовната роденденска маскнебал забава со богата програма и многу изненадувања и награди за понеделник 1ви април 18:30 часот изнесува 150 денари.
Настанот како и сите активности на игротеката Кидс Парк се предвидени за деца до 9 години.
Ве очекуваме на ЛУДА И НЕЗАБОРАВНА првоаприлска роденденска забава.