Драги родители и дечиња!
Бидете дел од ликовниот конкурс што традиционално го организираме секоја година по повод 9 Мај, Денот на Европа!
Сакаме да ги промовираме европските вредности и да ја поттикнеме детската креативност.
Затоа, децата од основните училишта и детските градинки во Општина Аеродром ќе се натпреваруваат на ликовниот конкурс „Моите соседи како мои пријатели“.
За тројца победници во категориите предучилишна возраст, одделенска и предметна настава се обезбедени парични награди.
На крајот следува скромен коктел.
Ве очекуваме!
Благодарност до Капитол мол, Општина Аеродром и
European Movement EMMK