Kids Park & 4Bowling организира завршни забави за крајот на учебната година наменети за групни посети за деца од основно училиште и градинки.
За сите ученици и наставници кои сакаат низ радост и забава да го прослават крајот на успешно завршената учебна година – најзабавните креативно-едукативни работилници на забавниот центар во Капитол Мол во соработка на Просветно дело ❤
Детската игра е од несомнено голема важност за целокупниот развој.
Секое одделение и одделенски наставник ќе добие благодарница за учество на креативно-едукативната летна работилница, а благодарница ќе добие и училиштето кое ќе учествува и ќе биде дел од овие забавно-едукативни збиднувања.
Програмскиот и едукативниот дел од овие завршни забави по традиција се реализира во соработка со Просветно Дело кое секогаш е со Кидс Парк во едукативната мисија преку одличните изданија за деца и високо квалитетните ликовни материјали кои се нетоксични за нашето здравје и околина.
Забавниот дел се состои од караоке забава, крeативно-интерактивни игри, и уживање во магичниот свет на Кидс Парк – место на кое времето за игра е секогаш малку.
За деца над 9 години постои можност за реализација на едукативната работилница во кугланата #4Bowling.
Во интерес на навремена и квалитетна подготовка на активностите за ваквите настани како и навремена резервација на посакувани термини, за сите наставници и дечиња кои вистински сакаат да го прослават крајот на успешно завршената учебна година и со радост да го пречекаат летото, повеќе информации на 071 305 976