
Нашиот трговски центар се вклучува со поддршка на “Часот на планетата Земја” како единствен комерцијален објект во општина Аеродром. Настанот кој ќе се случи на 19 март, сабота, во 20:30 часот пред Капитол мол со присуство на претставници на општината како и волонтери на Црвен Крст кои ќе придонесат во креирање на уште поинтересна атмосфера.
Вклучи се во акцијата и исклучи ги светилките!Погледнете ја моќната македонска реклама за Часот на планетата Земја и исклучете ги светилките на 19 март во 20:30 часот! 🙂 #EarthHourMK
Posted by Earth Hour Macedonia on Wednesday, March 9, 2016
“Часот на планетата Земја” претставува акција организирана од Светскиот фонд за природа (WWF) и поддржана од Обединети нации, којa има еколошки карактер, односно преку симболично исклучување на осветлувањето во рок од еден час, целта е да се даде порака за спас на планетата Земја. Оваа година датумот е 19 март (сабота), а акцијата започнува во 20:30 часот.
Во “Часот на планетата Земја” се вклучуваат над 170 земји, меѓу кои и Македонија. Многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на просторот којшто е од јавен карактер, како споменици, згради, мостови, канделабри во парковите и слично.
Видеа и инсерти од Македонија од минатат година беа објавени низ целиот свет и глобални новински мрежи, а исто така
инсерти од Македонија се искористени и во годинешната кампања за “Часот на планетата Земја”.
Ве повикуваме сите да се вклучите во акцијата “Часот на планетата Земја” и да го исклучите осветлувањето и во вашите домови или да го посетите нашиот трговски центар и да бидете сведоци на оваа силна порака.