Со ликовно- едукативно работилница под мотото “ Да бидеме одговорни денес за подобра иднина утре” Нула Отпад во Капитол Мол го одбележа 18-ти февруари, Меѓународниот ден на батеријата.
На овој настан учествуваа учениците и наставниците од ООУ “Ѓорѓија Пулевски” кои преку креативни изработки, ликовни и литературни творби искажаа почит на малиот извор на енергија што ни го олеснува животот.
Нула Отпад континуирано вложува во еколошката едукација на најмладите и организира вакви настани за подигнување на јавната свест за значењето на батериите во секојдневниот живот, но и неопходноста од примарна селекција и заштита на животната средина.
Децата имаа можност и да учествуваат на еко трка и да увидат дека рециклирањето е забавно и интересно.
Присутните добија од Нула Отпад мали садови за отпадни батерии со пораки за штетноста на отпадните батерии, пораки за рециклирање и информации за еко линијата 070 236 000 преку која Нула Отпад врши бесплатно преземање на електричниот и електронски отпад од домовите на граѓаните.