Со денешната одлука од страна на владата за отворање на трговските центри, Капитол мол започнува со работа од 15 мај во 10.00 часот. Трговскиот центар ќе работи со скратено работно време од 10.00 до 18.00 часот од понеделник до сабота. Во неделите, трговскиот центар ќе биде затворен. 🌷
Време е повторно да бидеме дел од приказната за 366 дена љубов. 😍
Од страна на целиот тим на Капитол мол се преземени сите мерки за максимална безбедност на посетителите, нашите вработени, вработените во продавници и сите инволвирани страни. Секојдневната дезинфекција на молот максимално зборува за грижата на менаџментот за побезбеден и посигурен простор за вас.
Да се вратиме повторно на семејната атмосфера во молот, забавниот шопинг и изненадувања кои што допрва следуваат.
За време на посетата на молот, Капитол мол советува:
✅ Носење на заштитна маска
✅ Држење на дистанца
Твој мол, твое место
Т.Ц. Капитол мол
