Право на учество на Изборот на најдобра Еко маска насловен како “Е- Капитолијада” 2021 година имаат деца од градинки и училишта (основно образование) на територијата на Општина Аеродром.
Потребно е да ги заследите Инстаграм профилот/Фејсбук фан страната на организаторите Капитол Мол и Нула Отпад.
Учесниците имаат за задача да изработат индивидуална еко креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и/или електрични уреди или стари и потрошени батерии.
Фотографија од направената еко маска треба се испрати во ДМ порака ( директна порака на фан страната на Капитол мол https://www.facebook.com/capitolmall ) заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател.( ПРИЈАВА )
Натпреварувај се за една од трите награди, две од стручно жири и една за најлајкувана фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол (фејсбук + инстаграм )
Лобирајте кај Вашите пријатели да гласаат за Вашата фотографија. За оваа категорија на награда важечки се гласовите од почетокот (објавата на социјалните мрежи на Капитол Мол) до крајот на дигиталната кампања, заклучно со 03.04.2021 до 12 часот.
Очекувајте објава на резултатите на 05.04.2021 год во 12 часот преку фан страните на Капитол мол и Нула отпад.