Техномаркет претставува малопродажен ланец за техника кој на регионално ниво датира уште од 1997 година.
Техномаркет Македонија е дистрибутер на производите од светски познатите брендови Panasonic, Electrolux, SONY, Philips, Samsung, Tefal, Krups, Zanussi, AEG, Rowenta, Gorenje, Whirlpool, Indesit, NEO, Amica, Hansa, Hotpoint Ariston и многу други. Особена гордост за Техномаркет претставува лансирањето на сопствениот бренд NEO, кој стана особено препознатлив и баран на домашниот пазар.
Водени од желбата да се донесат најновите технолошки производи по прифатливи цени, да се има одлична логистика–достава по домовите на потрошувачите, пост–продажни активности, достапност и сервис на производите, како и обучен персонал кој е секогаш непосреден и посветен на потребите и прашањата на клиентите, Техномаркет Македонија веќе долги години успешно опстојува на македонскиот пазар градејќи ја и негувајќи ја довербата на купувачите.
Со цел да ги направи подостапни производите до сите потрошувачи, Техномаркет Македонија постојано организира бројни промоции, акции, наградни игри, програми за најверните купувачи, како и бројни настани од промотивен карактер. Во насока на излегување во пресрет на потрошувачите овозможува купувачот да одбере начин на кој ќе го купи производот и тоа: на кредит, со кредитни картички или пак преку синдикална продажба на рати.
Локација 3 кат


