Доаѓа денот кој сите деца најмногу го сакаат, а и родителите не заостануваат. Сигурни сме дека веќе со недели планирате, кроите, лепите, купувате маски за своите најмили да бидат прнцези, суперхерои, мињони, балерини и што уште не. Во петок сите малечки и големи деца ќе бидат маскирани и градот ќе го претворат во една голема, шарена, забавна и весела приказна.
Сите вие кои ги подготвувате вашите и маските на вашите дечиња, ве очекуваме во петок во 12 часот да ни го разубавите и нашиот трговски центар. Ви ветуваме многу забава, весела дружба и секако подароци за најдобрите!

