Денес од 17:00-19:00 часот Кидс Парк го прославува својот втори роденден со голема роденденска маскенбал забава проследена со богата програма од едукативен и забавен карактер.

Едукативниот дел го доверивме на нашите соработници Бреинобреин, интернационлна програма за деца од 4-14 години, која со посебни методи и техники овозможува да се подобри и да се реализира целосниот детски мозочен капацитет со цел секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност.
Предвидена е работилница за изработка на креативни маски и вежба за довршување на започнати цртежи со цел да се потикне кретаивноста и уметноста кај децата.
Забавниот дел вклучува многу игра во магичниот свет на Кидс Парк, единствен со најбогата содржина за проактивна детска анимација. Маскоти, балони, боење на лице, избор на најдобра маска, награди, изненадувања и секако дување на роденденска торта.
Од самото постоење со нас во нашата едукативна мисија е Просветно Дело кое и овој пат ќе овозможи децата да креираат и творат со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина а ќе овозможат и награди и изненадувања за најдобрите маски.