Водена од мотото „Секогаш СО и ЗА децата“ игротеката за денот на шегата го прослави својот втор роденден. Голема роденденска маскенбал забава проследена со богата програма од едукативен и забавен карактер.
Едукативниот дел Кидс Парк го довери на своите соработници Бреинобреин, интернационлна програма за деца од 4-14 години, која со посебни методи и техники овозможува да се подобри и да се реализира целосниот детски мозочен капацитет со цел секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност.
Од самото постоење нивен соработник во едукативна мисија е Просветно Дело кое и овој пат овозможи децата да креираат и творат со високо квалитетни ликовни материјали нетоксични за нашето здравје и нашата околина а заедно со забавниот центар и бреинобреин доделија и награди и изненадувања за најдобрите маски.
Забавниот дел вклучуваше многу игра во магичниот свет на Кидс Парк, единствен со најбогата содржина за проактивна детска анимација. Маскоти, балони, боење на лице, избор на најдобра маска, награди, изненадувања и секако дување на роденденска торта.
Упатија благодарност до Капитол Мол и до сите соработници кои ги подржуваат во нивната мисија со и за децата и кои го разубавеа посебениот ден на Кидс Парк: Просветно Дело, Бреинобреин, Кловн Лили, слаткарница Канела и секако душата на Кидс Парк – околу стотина дечиња кои со своите прекрасни маски и насмеани лица направија ден за помнење.
Прегледајте ги сите фотографии на нашата Фејсбук страница.
Еве дел од атмосферата…
[foogallery id=”1623″]
