Вчера ви претставвме специјална понуда со одлични попусти на некои од светските брендови за чанти во Office Plus, нашиот #БрендНаНеделата, а денес имаме уште една новина. Овој пат се работи за забава на најмилите мали и големи дечиња, кои обожуваат да си играат со глина и да прават креативни, па и уметнички дела.
Имено, Office Plus во сабота во нашиот трговски центар организира креативна детска работилница на која ветуваме дека многу ќе се забавувате.

Сите присутни дечиња ќе имаат можност да моделираат со iClay глината со врвен квалитет. iClay е полимерна глина, мека и со нежна текстура. Наменета е за деца на возраст над 3 години. iClay е лесна за употреба затоа што е на база на вода. Достапна е во повеќе бои кои лесно се мешаат и со мешањето даваат нови бои. Лесно се обликува со раце, калапи или со други алатки. Не бара печење, затоа што се суши на воздух. Не содржи глутен и не е токсична.
iClay е совршен креативен ресурс за секое дете. Користењето iClay глината децата го моделираат својот 3D свет со трпение, развивајќи ја својата фантазија и креативност.
[foogallery id=”1710″]Ве очекуваме во сабота во Office Plus да ја развиете својата фантазија и креативност.
