Имавме две понуди, една за вашиот дом, една за вашата убавина и плус ве запознавме со историјата на брендот. Денес имаме супер информација, интересен факт, за кој веруваме многумина од вас знаат, а за нас е посебно убав и врeден за почит.
dm, нашиот петти учесник во проектот #БрендНаНеделата, започна нова еко кампања. Кога пазарите во dm имате можност да набавите трајна торба која постојано ќе си ја користите за пазарење и со тоа ќе ги напуштите пластичните ќеси. Со тоа влијаете драстично за намалување на потрошувачката и користењето на пластичните кеси, со цел, заштита и зачувување на животната средина.

И можеби се прашувате зошто тие велат трајна торба. Токму заради тоа што навистина трајно ќе ја користите. Секоја набавена трајна торба од dm, доколку ви се скине или оштети, БЕСПЛАТНО ќе ви биде заменета!
Дознајте повеќе за кампањата и приклучете се http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/567952/dm-sovetuva.html .
