Од денес си имаме нов #БрендНаНеделата. Ќе ве запознаваме со најзабавниот, најшарениот и најпосакуваниот бренд кај дечињата во нашиот трговски центар. Но, пред да започнеме да ви ги претставуваме историјата на брендот и понудите, мораме да споделиме како помина првиот Лего турнир во Македонија, организиран токму од КРШ.
Ова беше еден од највеселите настани на кои сме присуствувале. Куп дечиња, заљубени во своите лего играчки, минатиот викенд имаа шанса да го покажат својот талент во редење Лего коцки, да направат прекрасни работи за исклучително кратко време и на сите да ни покажат колку Лего коцките се значаен дел од нивното растење.
Освен прекрасната забава која ни ја припредија КРШ со организирање на овој турнир, тие подготвија и награди за најбрзите редачи на Лего коцки. Нашите мали и драги дечиња си добија подарочиња за својата вештина и умешност. Еве ги резултатите:
1 место: Марко Серафимовски -време: 3 минути и 25 секунди
2 место: Младен Пешевски -време: 3 минути и 33 секунди
3 место: Андреј Караев – време: 3 минути и 51 секунда
Браво за вештите дечиња и огромен аплауз за оваа прекрасна идеја на КРШ. Се надеваме ќе имаат уште многу вакви турнири!
[foogallery id=”1811″]Посетете ја Фејсбук страницата на КРШ за повеќе фотографии!
А за утре ви спремаме нови информации во рамките на проектот #БрендНаНеделата!
