По низата активности кои ги организиравме изминативе денови и денес имаме богат ден.
За почеток нашиот велигденски базар трае и денес цел ден и можете да си купите уникатни рачни изработки од македонските ракотворци. Целата листа на ракотворбите и учесниците во базарот може да ја прегледате на Велигденски базар.
Во 19 часот ги покануваме сите наши посетители да уживаат и во музичката програма со бендот в живо.

Во 18 часот ги очекуваме најмалите и најмилите да уживаат во детската престава Пролетни звуци во нашиот трговски центар.

Дополнително и денес продолжува потрагата по велигденски изненадувања, а ќе продолжи и во сабота од 12 часот.

