Од вторникот, 3.5.2016 година, најдобрите цртежи од ликовниот конкурс на тема: „Моето училиште во иднина“ се изложени во нашиот трговскиот центар.
Признанијата и пофалниците за наградените ликовни творби официјално беа доделени денес (5 мај) во 11:00 часот.
Награди за освоено прво место добија НИКОДИМ ТРИМПАРЕВСКИ од градинката „Срничка“ објект Бамби во категоријата од предучилишна возраст, САРА АНДОНОВСКА од V1 од ООУ „Блаже Конески“ во категоријата од одделенска настава и НИКОЛА ДИМОВ од VIII2 од ООУ „Љубен Лапе“ во категоријата од предметна настава. Исто така, беа доделени и повеќе пофалници за ликовни творби, кои беа особено инспиративни.



Инаку, во изборот за најдобар цртеж учествуваа околу 500 ликовни творби пристигнати од детските градинки и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром и на Општина Карпош.
Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.
Ликовниот конкурс го организираа Општина Аеродром, Општина Карпош и Европското движење во Република Македонија по повод 9-ти Мај, Денот на Европа.
[foogallery id=”2057″]